Марина ви гарантира дека подобра салата не сте пробале
Во потрага по содржини со кои ќе ви го привлечеме вниманието, налетавме на едно Инстаграм видео од Марина Горњивска.
И искрено, многу ни е мерак кога ќе налетаме на наш чоек, македонски креатор на квалитетни дигитални содржини, а богами и рецепти.
Е сега, според тоа што можеме да го видиме најгоре на нејзиниот профил, Марина е фитнес тренер, а исто така низ видеата ќе ве едуцира за тоа како да се храните здраво и убаво.
Е сега, да прејдеме на поентата. Марина вика дека ваква салата не сте пробале, па ние ја пробавме, и можеме да ви го кажеме истото.
Потребни состојки:
- Марула
- Црвена пиперка (ако сакате може и лута)
- Домат
- Маслинки и пчека.
Дресингот го правите од варени јајца, павлака, маслиново масло, сол и бибер.
А како се прави сето сето тоа, можете да си видите сами во приложеното видео: