„Ми дадоа 18 отсто шанси да преживеам“: На 29 години дознала дека животот и виси на конец, а се започнало со овој „безопасен“ симптом
Таа добила повик од докторот порано отколку што очекувала, а веста не била добра, станувало збор за меланом од четврта фаза.
Кортни Манган, сопственичка на една австралиска фирма, добила само 18 отсто шанси за преживување откако „загрижувачката“ бенка на нејзиниот грб двапати била прегледана од општ лекар и отфрлена како „нема за што да се грижи“. Но, дерматологот мислеше поинаку и тогаш сè се промени.
Меган вели дека дотогаш „веќе било доцна“, а имала само 29 години. „Имав бенка на грбот која всушност никогаш не ја видов, но моите ми кажаа дека почнала да се менува и ме предупредија да одам на лекар. Специјалистот ми го прегледа целото тело и рече дека сè изгледа нормално, но тој зеде примерок од ткиво од бенката на мојот грб и го испрати на анализа“, изјави таа за Фемаил.
Таа добила повик од докторот порано отколку што очекувала, а веста не била добра. Станува збор за меланом во четвртата фаза и Кортни беше упатена на дополнителни тестови. „Веднаш бев вкочанета. Вујко ми почина од меланом пред само неколку години. Целиот свет ми се распадна во тој момент. Не можев да замислам ништо друго освен смртна казна“.
Покрај бенката, Манган доживеала и некои други симптоми, како грутка на раката. Мислела дека се работи за поткожно мозолче. Покрај тоа, таа имала болки додека јадела, но тоа го припишувала на синдромот на нервозно дебело црево.
На ПЕТ скен, лекарите забележале чудна активност во цревата, а колоноскопијата се вратила чиста. Но, ендоскопијата откри загрижувачко ткиво и огромна лузна на нејзиниот стомак. „Бев будна цела ноќ, а следното утро во 5:30 лекарите рекоа дека ракот ми се проширил на внатрешните органи и дека е во четврта фаза“, се присетува денес 38-годишната Корни, која раскажува колку тоа било страшно, и како таа била свесна за сите операции и третмани пред неа, а шансите за преживување беа мали.
Докторите подоцна откриле загрижувачки грутки и на нејзините гради, но поради ризикот се одлучиле за терапија наместо да ги отстранат. „Беше толку чудно да се знае дека имам рак на градите, кој само се ширеше“, признала таа.
Таа живеела со тешка дијагноза девет години, а редовните посети на лекар изгледале „бескрајни и безнадежни“. „Размислував за секоја болка што ја чувствував и бев свесен за секој симптом што го имав. Постојано бев свесна за своето тело и не можев да престанам да размислувам за тоа“, вели Манган, која вели дека одвреме-навреме била во собата за итни случаи. „Меланомот е многу агресивен и може постојано да се враќа“, вели оваа млада жена која е благодарна на семејството и пријателите кои ја поддржале на тој тежок пат.
„Навистина ми помогнаа во најтемните денови“, вели таа, додавајќи дека стресот оставил голема трага врз неа.
Таа сега е здрава веќе три години, но Манган вели: „Никогаш навистина не можеш да се ослободиш од тоа, има темен облак што цело време виси над тебе“.