ПопуларноХрана и Здравје

Научниците открија по која година старееме најбрзо

Најновото истражување објавено во август 2024 година дава научно објаснување дека стареењето не е постепен процес и често се случува во „рафали“. Некои од симптомите се појавата на брчки, особено по 40-тата година од животот.

Студијата на професорот Мајкл Снајдер од Универзитетот Стенфорд откри дека најмногу старееме на возраст од 44 до 60 години и дека овие промени потоа се видливи на нашето лице, пренесува rts.rs.

„Има периоди во животот кога се случуваат драстични промени“, вели генетичарот Снајдер.

Со анализа на 135.000 молекули и микроби кај 108 волонтери на возраст од 25 до 75 години, забележани се промени во молекулите поврзани со кардиоваскуларни болести и метаболизам.

Во гореспоменатите студии, беа анализирани различни типови на молекули, вклучувајќи РНК, протеини, липиди и микробиоми на цревата, кожата, носот и устата. Забележано е дека во човечкото тело во текот на два периоди од животот има значителна промена во количината на различни видови на молекули

.

Кога стареењето станува грижа

Една нова студија на австралискиот универзитет Едит Кауан тврди дека ентропијата – бавниот и неизбежен процес на стареење – може да се забави со чести патувања. На нив запознаваме нови луѓе, нови животни искуства, а сето тоа ни помага во начинот и брзината на стареењето.

Познатиот гастроентеролог д-р Вил Булсиевич сподели неколку совети кои „пркосат на возраста“.

Пешачењето во природа и вежбањето најмалку 30 минути дневно го намалуваат стресот, го подобруваат расположението и благотворно делуваат на варењето.

Храна богата со растителни влакна, овошје, зеленчук, грав и семиња. Ова е вид на храна која дава енергија, не прави сити и долговечни.

Студија од 2022 година покажа дека луѓето кои редовно јадат влакна имаат помал ризик од срцеви заболувања, рак и други вообичаени причини за смрт.

Исто така, пожелно е да се избегнуваат алкохолни пијалоци бидејќи честото консумирање алкохол го зголемува ризикот од срцеви заболувања, рак …

Исто така, важно е што помалку да користиме телефони, компјутери и телевизор, а се препорачува директен контакт со луѓе.

Истражувањата покажуваат дека осаменоста го зголемува ризикот од деменција за речиси 31 отсто, а времето поминато на екранот може негативно да влијае на квалитетот на сонот, предизвикувајќи стрес и депресија.

Добриот сон го поддржува имунитетот, здравјето на срцето, кожата и нивото на енергија. Недостатокот на сон, од друга страна, може негативно да влијае на меморијата и продуктивноста.