Највкусниот печен компир што некогаш сте го пробале! Тајната е во еден неочекуван состојок – вкусот е совршенство
Испробајте го најдобриот рецепт за печен компир досега – со една тајна состојка што веројатно никогаш не би ја додале самите!
Ако сакате да подготвите совршено вкусен печен компир, овој рецепт е вистинскиот избор. Во него се крие еден неочекуван, но генијален додаток што му дава сосема нова димензија на вкусот.

Состојки:
- 1 кг компири
- 2 лимони
- 1,5 литар вода
- 2 лажици оригано или мајчина душичка
- 2 чешниња лук
- 75 мл маслиново масло
- 3 лажици гриз
- сол
- бибер
- меленa слатка пиперка
Подготовка:
Излупете ги компирите и исечете ги на четвртини. На секое парче направете плитки засечоци – тоа ќе помогне подобро да се испече и поубаво да изгледа.
Ставете ги компирите во тенџере, додајте го сокот од двата лимони и малку изрендана кора од лимон (добро измиена), прелијте со 1,5 литар вода и ставете на оган. Откако ќе зоврие, варете уште 10 минути.
Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 200°C и ставете празен сад за печење да се загрее.
Процедете ги компирите и оставете ги малку да се оладат.

Во садот со компирите додајте маслиново масло, оригано или мајчина душичка, ситно сечкан лук, меленa пиперка, сол, бибер и гриз. Добро измешајте ги сите состојки и распоредете ги во веќе загреаниот сад за печење.
Печете 30 до 40 минути, превртувајќи ги компирите на секои 10 минути за да добијат рамномерно крцкава кора од двете страни.
Овој неверојатен прилог можете да го сервирате со омиленото месо – или да го јадете самостојно како вистински гастрономски деликатес.