ПопуларноХрана и Здравје

Најдобрите утрински навики за здрав почеток на денот, тврдат кардиолозите

Утринските навики се важни за подобро расположение и мотивација. Тие исто така можат да имаат различни здравствени придобивки и можат да обезбедат подобро здравје на срцето.

Кардиологот Ли Џоу за Парад истакнува дека сака да го започне денот со појадок кој вклучува овошје и јаткасти плодови, две намирници кои се корисни за здравјето на срцето. После тоа, тој прави нешто што многу луѓе често го занемаруваат: пие чаша вода.

Пиењето вода наутро е од суштинско значење за здравјето на срцето. Се препорачуваат осум чаши дневно бидејќи редовната хидратација го намалува ризикот од дијабетес и срцеви заболувања и го поддржува регулирањето на крвниот притисок.

Додадете кратка прошетка после појадокот

Откако ќе испиете една чаша вода, можете да додадете уште една навика која е здрава за срцето – кратка прошетка. Кардиологот Даниел Херман препорачува секојдневно вежбање веднаш по појадокот.

„Навиката за здраво срце може да биде едноставна како 20-минутно брзо одење. Тоа е мала инвестиција во здравјето на срцето што носи големи резултати на долг рок“, истакнува тој.

д-р. Херман објаснува дека кратката прошетка после појадокот веднаш го подобрува варењето, го регулира шеќерот во крвта и го намалува стресот, додека долгорочно го зајакнува срцето, ја контролира тежината и мускулниот тон.

Ако работите од дома, Херман советува свесно да ги планирате утринските прошетки за да ја зголемите вашата дневна активност.

Утринска навика која треба да се избегнува

Многу луѓе имаат навика да го прескокнуваат појадокот, или поради зафатен распоред или воспоставени навики, но тоа може да има негативно влијание врз здравјето.

д-р. Дипак Талеја истакнува дека не треба да го прескокнуваме појадокот, бидејќи тој е пресуден за здравјето на срцето.

„Здравиот појадок, богат со влакна, витамини и цели зрна, го намалува холестеролот, воспалението и ризикот од срцев удар“, вели тој. Истражувањата покажаа дека прескокнувањето на појадокот го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести за 27 проценти. Тоа е исто така поврзано со повисок крвен притисок, дебелина и дијабетес.