Храна и Здравје

Најздравата морска риба во светот е преполна со хранливи материи! Тоа е вистинско богатство за телото

Скушата се смета за најздрава риба во светот, бидејќи има многу повеќе хранливи материи од другите видови риби.

Скушата е поевтина од лососот и прави чуда за вашето тело. Многумина не размислуваат за сите благодети што скушата му ги дава на организмот, туку ја консумираат првенствено поради својот вкус.

Богатa е со висококвалитетни протеини и здрави масти. Посебно е добра скушата која се лови во зимските месеци во северните предели.

Стандардната количина на маснотии во скушата е 13 грама, што е доволно за да се класифицира како еден од помасните видови риби, а содржи во просек 18 грама протеини, кои телото ги апсорбира три пати побрзо од месните.

Скушата има релативно ниска калориска вредност, а незаситените масни киселини присутни во скушата делуваат како моќни антиоксиданти, ги зајакнуваат клеточните мембрани и помагаат во борбата против слободните радикали, со што се намалува ризикот од многу болести.

Скушата се смета за една од најхранливите риби. Тaa е одличен извор на протеини, витамини Б2, Б3, Б6 и Б12 и витамин Д. Месото од скуша е полно со минерали како бакар, селен и јод, а содржи и одредени количини на железо и витамин Б1.

Скушата е еден од најдобрите извори на омега-3 – добри масти кои го одржуваат срцето и мозокот здрави. Готвената порција скуша од Атлантик или Пацифик содржи преку 1.000 милиграми омега-3 – многу повеќе од другите морски плодови, пренесува webmd.