Најмалку десет луѓе починаа, а сто завршија во болнива поради употреба на ФАЛСИФИКУВАН ОЗЕМПИК! Итно се огласи Ново Нордиск!
Американските закони им дозволуваат на аптеките да прават свои или сложени верзии на лекови во случај на недостиг на оригиналот, што поборниците го сметаат за неопходно за континуитет на лекувањето на пациентите.
Во Америка, најмалку 10 лица починаа, а 100 се хоспитализирани по земање на фармацевтски имитации на лекот Оземпик, кој се користи за лекување на дијабетес, а исто така и за слабеење.
Производителот на овој лек, компанијата Ново Нордиск, предупредува дека овие имитации, кои се прават со комбинирање на неколку лекови за слабеење и често се поевтини, ги продаваат таканаречените „медицински бањи“ и аптеки, се поради недостиг од оригиналот во последните две години.
Ново Нордиск вели дека овие верзии на лекот не се соодветно регулирани или следени, што го зголемува ризикот од сериозни здравствени проблеми.
Американската агенција за храна и лекови (ФДА) предупредува дека имитациите на Оземпик може да предизвикаат предозирање и придружни компликации, како што се гадење, повраќање, абдоминална болка, дијареа и запек.
Експертите исто така предупредуваат дека предозирањето може да доведе до сериозни состојби, како што се напади или кома, поради опасноста од многу низок шеќер во крвта.
Ново Нордиск ја истражуваше оваа ситуација и побара од ФДА да ја забрани продажбата на комбинираните верзии на лековите Оземпик и Вегови, наведувајќи дека таквите лекови се премногу сложени за аптеките да ги произведуваат сами.
Лековите за слабеење се дефицитарни во САД повеќе од две години, откако Оземпик стана многу популарен во Холивуд. Американските закони им дозволуваат на аптеките да прават свои или сложени верзии на лекови во случај на недостиг на оригиналот, што поборниците го сметаат за неопходно за континуитет на лекувањето на пациентите.
Сепак, на оваа практика се спротивставува извршниот директор на Ново Нордиск, Ларс Фругард Јоргенсен, кој истакнува дека е „збунувачки“ што на луѓето во САД не им се забранува да користат лекови кои не се одобрени или регулирани.