ПопуларноХрана и Здравје

Не постои безбедна количина на алкохол, покажуваат истражувањата

Истражувањата покажуваат дека алкохолот го зголемува ризикот од разни видови на рак, особено рак на дојка кај жените, но и рак на дигестивниот систем.

Алкохол и здравствени ризици

Најголем процент на карциноми поврзани со алкохол во САД е ракот на дојка кај жените, со околу 44.180 случаи во 2019 година, пишува N1info.hr.

Оваа статистика претставува 16,4% од вкупниот број случаи на рак на дојка кај жените (околу 270.000 случаи).

Алкохолот е одговорен за речиси 100.000 случаи на рак и 20.000 смртни случаи годишно во САД, известува Science Alert.

Иако постојат мислења дека умереното консумирање може да има некои придобивки, новото упатство тврди дека дури и умереното пиење може да го зголеми ризикот од рак.

Алкохолот може да го зголеми ризикот од рак на четири главни начини: со зголемување на оксидативниот стрес кој ја оштетува ДНК, со менување на нивото на хормоните (особено кога станува збор за рак на дојка), со зголемување на апсорпцијата на канцерогени материи и со разградување на токсичната супстанција ацеталдехид, која ја оштетува и ДНК.