Никогаш не нарачувајте го ова јадење во ресторан! Готвач со 17 ѕвезди на Мишелин ја откри најголемата тајна: „Ако келнерот ве препорача, прашајте го само едно прашање“
Ако некој знае што се случува зад затворените врати на кујните во рестораните, тоа е овој готвач. Затоа би било добро да го слушате кога дава совети од ваков тип.
Познатиот готвач Гордон Ремзи е тешко да се задоволи и измами кога е во прашање готвење на храна. Познат по својот остар јазик кој никого не остава рамнодушен и со десетици ресторани и 17 Мишелин ѕвезди, откри кое јадење никогаш не го нарачува во ресторан.
Неговиот совет? Избегнувајте ја супата на денот, која келнерот ќе ви ја препорача во 90 проценти од случаите.
Да, чорбата, односно супата на денот – навидум безбеден избор за почеток на оброкот. Сепак, Ремзи во интервју за „Town & Country“ откри дека зад таа навидум свежа понуда често се кријат стари состојки кои постојано се повторуваат и се претставуваат како специјалитет.
„Секогаш прашувај каква беше дневната супа вчера пред да ја нарачаш денешната. Тоа би можело да испадне дека всушност е супа на месецот“, предупреди Ремзи.
Познатиот Ремзи признава дека често се потпира на препораките на келнерот кога нарачува.
„Келнерите често ги пробуваат повеќето јадења од менито и можат да ви дадат увид во тоа што додаде готвачот или што е најпопуларно кај локалните ресторани“, рече тој, додавајќи:
„Патувајќи, добив многу одлични препораки од келнерите.”
Затоа, следниот пат кога ќе седнете во ресторан и ќе ја почувствувате примамливата арома на „свежата“ супа на денот, запомнете ги зборовите на Ремзи.