Храна и Здравје

Ова благо е одличен сојузник во борбата против неколку здравствени состојби

Ако сте љубител на чоколадо, но сепак сакате да се фокусирате на поздрава исхрана, темното чоколадо е подобар избор од другите видови чоколадо

Всушност, темното чоколадо може да има бројни здравствени придобивки за вашето тело.

Имено, професорот по генетска епидемиологија на Кралскиот колеџ во Лондон, Тим Спектор, тврди дека вашето омилено благо би можелo да има големи придобивки за вашето здравје, но само доколку содржи повеќе од 70 отсто какао.

Тајната лежи во полифенолите – соединенија кои се наоѓаат во чоколадото со висока содржина на какао кои помагаат да се намали воспалението, што потенцијално би можело да спречи состојби како деменција, артритис и дијабетес.

“Самото зрно какао е полно со полифеноли кои се зголемуваат за време на процесот на ферментација. Така овие полифеноли се навистина здрави за нас и ни даваат многу придобивки при конзумирање на чоколадо”, вели професорот.


Помал ризик од болест

Темното чоколадо, исто така, го зголемува внесот на влакна, што е од клучно значење бидејќи огромни 90 проценти од луѓето не ги добиваат препорачаните 30 грама влакна дневно. Професорот тврди дека зголемувањето на внесот на влакна за пет грама секој ден може значително да го намали крвниот притисок.

„Исто така, има и влакна, а нормална порција темно чоколадо има двојно повеќе влакна од еквивалентно парче леб од цело зрно. Така, чоколадото е одлична работа за уживање на крајот од денот“, објасни тој.

Какаото е богат извор на полифеноли како што се флаваноли кои делуваат како гориво за цревните микроби, промовирајќи го растот на корисни цревни бактерии и намалувајќи го бројот на патогени или лоши бактерии. Една студија покажа дека вкупната содржина на полифенол во какаото во прав ја надминува онаа на бобинки од акаи, боровинки и калинки.

Сепак, некои чоколади ќе содржат емулгатори, па затоа најдобро е да ја проверите декларацијата и да ги изберете оние чоколади со најголем процент на какао.