Ова е омилената салата на Кејт Мидлтон: Идеална за жешки денови, се подготвува брзо и лесно, а вкусот е неодолив
Се подготвува од омиленото летно овошје – лубеница – и е совршена за топлите денови
Кејт Мидлтон обожава салати и секогаш се одлучува за свежи, сезонски состојки, со цел да внесе што повеќе витамини и минерали кои природно се присутни во нив.
Нејзината омилена летна салата се подготвува од лубеница – едно од најпопуларните овошја за време на летото – и е исклучително освежувачка, вкусна и, што е исто така важно, многу лесна за подготовка.
Во текот на летните месеци, Кејт најчесто се освежува со оваа салата, која е лесна, нутритивна и пријатна за секое време од денот.
Освежувачка комбинација
– Кејт Мидлтон претпочита салати кои содржат што повеќе свежи и сурови состојки. Во моментов, нејзина омилена е салатата со лубеница – откри извор близок до принцезата од Велс.
Оваа салата од сочна лубеница ги комбинира авокадото, кромидот, краставицата и фета сирењето – идеална комбинација за летна свежина.
Британската професионална готвачка позната на социјалните мрежи како „Alex’s Kitchen Story“ го објави нејзиниот рецепт за омилената салата на принцезата, а објавата стана вистински хит. Таа истакна дека салатата е неверојатно освежувачка, вкусна и совршена за летните горештини.

Потребни состојки:
- 2 – 3 парчиња лубеница
- едно парче фета сирење
- половина краставица
- едно авокадо
- две лажици јаболков оцет
- две лажици маслиново масло
- еден лимета
- една рака свежи листови нане