Ова јадење ќе го сакаат и најголемите негативци: Рецепт за печена боранија со пилешко
Одличен ручек од рерна кој ќе го воодушеви целото семејство.
Состојки:
4 пилешки батаци
100 гр кромид
500 гр боранија
200 мл млеко
1 домат
2 лажици масло
2 јајца
магдонос
бибер
сол
Подготовка:
Отстранете ја кожата од пилешките батаци и извадете ги коските. На врело масло пропржете батаци. Кога ќе поруменат, додадете ги ситно исечканите кромид и боранија, па динстајте десетина минути. Додадете домати исечени на коцки. Зачинете по вкус и продолжете со динстањето.
Кога боранијата е речиси готова, истурете ја во огноотпорен сад подмачкан со масло, покријте ги со јајца изматени во млеко и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Посипете со магдонос и послужете.