Ова можеби е најевтиниот десерт: Зимските капи се прават лесно и брзо, а се совршени и вкусни за сите возрасти
Десертот зимски капи е богат и вкусен, но и совршен за сите возрасти!
Состојки:- 500 милилитри млеко;
– 80 грама шеќер;
– 1 ванилин шеќер;
– 35 грама пченкарен скроб;
– 50 грама маргарин;
– 20 грама брашно;
– 20 грама лешници;
– млечно чоколадо и кокос за декорација.
Подготовка:
Измешајте го млекото, шеќерот, ванилиниот шеќер, брашното и пченкарниот скроб, па ставете го на рингла да зоврие и да се направи како пудинг.
Кога ќе се излади додадете маргарин. Помешајте, па претурете во чаши.
Ставете ги во фрижидер добро да се изладат. Извадете ја смесата од чашите и извалкајте ја во лешник, а потоа премачкајте со чоколадо и кокос.