Овој зеленчук го подобрува здравјето на срцето
Исхраната игра клучна улога во одржувањето на здравјето на срцето. Затоа, важно е да се консумира зеленчук богат со хранливи материи кои придонесуваат за здравјето на овој орган.
Здравата исхрана може да го регулира нивото на холестерол и да го намали ризикот од мозочен удар. Познатиот лекар д-р Рупи Аујла тврди дека одредена храна дури може да го спречи создавањето наслаги во крвните садови, а со тоа да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести.
„Добрата вест е дека исхраната може да ги спречи или одложи срцевите заболувања со намалување на воспалението и нивото на холестерол“, рече тој во објавата на Инстаграм.
Тој издвои четири видови зеленчук кои го подобруваат здравјето на срцето.
Кисела зелка
„Мета-анализата на клиничките студии покажа дека суплементацијата со пробиотик значително го намалува вкупниот холестерол и нивото на ЛДЛ холестерол кај пациенти со висок холестерол“, вели докторот.
Кромид
Д-р Аујла вели дека поголем внес на зеленчук од семејството на кромид, вклучувајќи го и кромидот, е поврзан со помала смртност од атеросклеротична васкуларна болест (АСВД).
Жолт, портокалов и црвен зеленчук
„Неколку студии објавија поврзаност помеѓу внесот на жолто-портокалово-црвен зеленчук и кардиоваскуларни болести (КВБ), коронарна срцева болест (КСБ) и срцеви заболувања воопшто“, тврди докторот. Затоа, конзумирањето на овие зеленчуци може да придонесе за оптимално здравје на срцето.
Спанаќ
Поголемиот внес на калиум е поврзан со намален ризик од мозочен удар и други кардиоваскуларни заболувања. „Една мета-анализа на девет кохортни студии покажа значително 24 отсто помал ризик од мозочен удар кај луѓето со поголем внес на калиум“, заклучил докторот.