Храна и Здравје

Овој тип на бобинки е одличен за здравјето на срцето: вклучете ги во вашата секојдневна исхрана

Бобинките се вкусни и многу здрави, а нивното јадење е особено добро за здравјето на срцето, се согласуваат многу кардиолози.

Иако мали, бобинките се богати со хранливи материи кои се корисни за кардиоваскуларното здравје.

Кардиологот д-р Сатџит Бусри истакнува дека бобинките се „богати со антиоксиданси како антоцијани, елагична киселина и ресвератрол, кои помагаат да се намали оксидативниот стрес и воспалението, потенцијално намалувајќи го ризикот од срцеви заболувања“. Со него се согласи и кардиологот д-р Сијаб Панхвар.

Д-р Панхвар објасни дека антиоксидансите во бобинките можат „да помогнат во намалувањето на воспалението со неутрализирање на штетните слободни радикали и заштита на клетките од оштетување“. Токму воспалението и слободните радикали го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.

Сите видови бобинки се здрави, но некои се најдобриот избор

Кога станува збор за дневната количина на конзумирање на бобинки, кардиолозите се согласиле дека не треба да претерувате, туку препорачуваат да се консумираат најмалку три пати неделно.

„Би рекол да ја одберете омилената бобинка (или неколку) и да ги вклучите во мали количини во вашата дневна исхрана“, истакнува д-р Панхвар.

Иако сите видови бобинки се многу здрави, кардиолозите како најдобра опција ја издвоија капината. Д-р Панхвар објаснува дека „капините имаат најголема содржина на влакна и антиоксиданси“.

Како втор најдобар избор ги издвои боровинките кои на многумина им се омилени. Боровинките се одличен избор поради високите нивоа на антиоксиданси и нивниот потенцијал да го подобрат здравјето на срцето со намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол.