Падова: Успешна трансплантација на црн дроб на најстариот дарител досега
Специјализираниот хируршки тим на Универзитетската болница во Падова синоќа успешно изврши трансплантација на црн дроб донирана од 99-годишна жена, најстариот донатор досега, соопшти денеска премиерот на регионот Венето, Лука Заја.
Тој му честиташе на медицинскиот тим во кој беа лекарите Умберто Чило, Енрико Грингиери и Деметрио Питарело.
Трансплантацијата на црн дроб во Падова е извршена во таканаречениот DCD режим, хируршка техника која е развиена на Одделот за кардиохирургија на Падова болнички фонд, пренесува АНСА.

„Извонредна интервенција која не само што означува нова пресвртница во медицината за трансплантација и хирургија, туку го претставува и најдоброто лице на нашето здравство: научна заедница која не познава граници кога станува збор за лекување и спасување животи“, рече Заја.
Тој оцени дека овој хируршки подвиг е извор на гордост за целата заедница во Венето.
Знаеме дека зад ваквите резултати стои здравствен систем кој работи со сериозност и страст. Така Венето од ден на ден се афирмира како цврста, сигурна и најсовремена реалност“, заклучи премиерот на тој регион, пренесува Танјуг.