Пилешко во сос од мирудии: Сочен ручек на кој ретко кој може да му одолее
Или сакате мешавина од мирудии, или не, трето нема! Но мирисот навистина додава свежина на јадењето.
Состојки:
пилешко филе 800 гр
млеко 500 мл
остро брашно 2 лажици
лимон 1 парче
оцет 1 лажица
копар, сецкан 1 лажица
зачини за сува трева 1 лажиче
сол и бибер по вкус
масло 4 лажици
Подготовка:
Пилешкото се сече на парчиња, се зачинува и се пржи на масло додека не добијат убава боја. Истурете вода и динстајте околу 15 минути додека месото не омекне. Во зејтинот пропржете го брашното, истурете го млекото, а кога сосот ќе почне да се згуснува додадете ги сокот од лимон, оцетот, солта и копарот. Оставете да зоврие една минута, па тргнете го од оган. Со сосот прелијте го месото и послужете со варени компири.