Храна и Здравје

Полска чорба: Спој на вкус и традиција

Вкусна, домашна супа која сигурно ќе ја вклучите во вашето мени барем еднаш неделно.

Состојки:

300gr домашен колбас
4 варени јајца
1 кромид
1 морков
1 пашканат
2 компири
1 лажиче рен
200gr павлака
сол по вкус

Подготовка:

Компирите исечкајте ги на коцки и сварете ги во солена вода. На масло се пропржува колбасот, па во истото масло се динста кромидот. Додадете рендан морков и пашканат, зачинете и динстајте додека не омекне. Вратете ги колбасите, истурете ја пилешката супа, додајте рен, па динстајте 15 минути. Кон крајот измешајте ја павлаката, па додадете ги компирите и варените јајца исечкани на четвртини.