Храна и Здравје

Потребна ви е само една лажица дневно: Ова растение прави чуда против анемијата

Анемија или слабокрвност се јавува кога телото нема доволно здрави црвени крвни зрнца (еритроцити) за да го пренесе кислородот до сите ткива.

Составен дел на еритроцитите е хемоглобинот. Затоа, на нашето тело му треба железо за нормално да функционира.

Кога во организмот немаме доволно железо, може да се појават низа симптоми. Тие на почетокот може да бидат благи и речиси незабележливи, а подоцна да се интензивираат како што се развива анемија. Тоа може да биде: замор, недостаток на енергија, вртоглавица, ладни раце и нозе, опаѓање на косата, бледа или жолтеникава кожа, неправилни отчукувања на срцето.

Кај анемичните луѓе, срцето мора посилно да пумпа за да го компензира недостатокот на кислород во крвта, па има проблеми во вид на забрзано или неправилно чукање на срцето.

Што може да помогне?


Покрај суплементите препишани од лекар и посебен режим на исхрана, кај слабокрвноста може да помогнат и природните препарати на база на коприва. Ова моќно растение содржи значително количество железо, потоа калциум, магнезиум, витамин Ц, витамини А, Д и К, како и протеини, јод, бакар.

Еве еден рецепт за препарат на база на коприва и мед.

Потребни состојки

50 гр мелено семе од коприва;

350 гр мед;

Сок од два лимони;

100 гр бадеми.

Сите состојки измешајте ги со дрвена лажица или затворете ја теглата и протресете ја. Препаратот чувајте го во фрижидер.

Земајте по една кафена лажичка секое утро на празен стомак.