ПопуларноХрана и Здравје

Рецепт за суви пиперки полнети со ореви

Јадење кое е незаменлив дел од оброкот за време на постот.

Состојки:

  • 2-4 слатки суви пиперки
  • 3-5 лути суви пиперки
  • 100 гр мелени ореви
  • 2 страка праз
  • ориз (по избор)
  • 1 морков
  • сол
  • други зачини по желба
  • масло

Подготовка:

Измијте ги пиперките со млака вода и потопете ги во топла вода 15 минути за да омекнат.

На врело масло пропржете ситно сечканиот праз и ренданиот морков, па додадете го оризот и зачините.

Пропржете ја смесата уште малку и кон крајот додадете ореви и измешајте. Наполнете ја секоја пиперка за да има малку простор на врвот, а потоа отворениот врв од пиперката потопете го во брашно.

Во тавче или длабок плех наредете ги пиперките во круг. Пиперките може да се прободат со чепкалка за подобро да се сварат. Се покрива со вода и се динста во рерна на 150 степени околу два час.

Кон крајот на печењето направете спреј од масло и пипер и прелијте ги врз пиперките. Вратете ја во рерна и печете околу 15 минути на 200 степени.