Скопски специјалитет КОЈ ГИ ВООДУШЕВИ ТУРИСТИТЕ – необичната комбинација од леб и бурек (ВИДЕО)
Овој специјалитет стана вирален хит на ТикТок, каде што авторот на видеото го сподели своето искуство.
Србин кој неодамна го посетил Скопје, главниот град на Северна Македонија, бил изненаден од специфичниот локален деликатес – бурек во леб, познат и како симит-погача.
Овој специјалитет стана вирален хит на ТикТок, каде што авторот на видеото го сподели своето искуство.
„Празен, ултра масен бурек, завиткан во кифла која ја впива маснотијата, а лебот се распаѓа на сите страни“, го опиша своето изненадувачко откритие.
Автентичен скопски специјалитет
Според Фејсбук страницата „Југоносталгија“, симит-погачата е уникатен скопски специјалитет, кој се подготвува и продава речиси исклучиво во Скопје.
Ако се најде и на друго место во Македонија, најчесто сопственикот на локалот потекнува од Скопје.

Што е симит-погача?
Овој специјалитет всушност претставува сендвич во лепиња, кој се состои од леб и масна пита без фил, слична на бурек.
На прв поглед изгледа како необична комбинација, но штом ја пробате, брзо ќе сфатите зошто е толку популарна меѓу скопјани.
Иако го носи името „симит“, овој специјалитет е препознатлив како скопски симит, додека во Турција обичниот симит е познат како лепиња слична на македонската перецa.
Традиционален скопски појадок
Скопската симит-погача традиционално се служи со јогурт или чај и е специјалитет што не може да се најде насекаде низ Македонија, туку е карактеристичен исклучиво за главниот град.