Сок од портокал како природна заштита од штетните УВ зраци
Во текот на летото, многу повеќе сме изложени на сончевите зраци отколку во другите сезони. Затоа е многу важно кожата да се „храни“ на вистински начин.
Идеална храна за кожата е бета-каротенот. Бета-каротенот (неактивна форма на витамин А – провитамин на витамин А) е растителен пигмент со портокалова (варира од жолта до црвена) боја кој се наоѓа во големи количини и во зеленчукот и во овошјето. Човечкото тело го претвора во витамин А.
Во најголеми количини го има во морковот, а покрај него се издвојуваат и праските, кајсиите, дињите, како и други овошја и зеленчуци во портокалова боја.
Бета-каротинот ја зголемува количината на меланин – пигмент кој делува како природна заштита од штетните УВ зраци.
Внесувањето на поголема количина на природен бета-каротен благотворно делува на побрзо потемнување на кожата, спречува алергиски реакции, стареење на кожата, ги врзува слободните радикали и секако го зајакнува имунитетот.
Поволно делува и на регенерацијата на кожата и мукозните мембрани – бета каротенот има многу силно дејство врз младите клетки и им помага побрзо да созреат и да ги заменат старите и мртвите клетки.
Се препорачува комбинирање на бета-каротен со витамин Е (маст што се наоѓа во поголеми количини во растителните масла, но и во суровите семки од сончоглед, пченични никулци, јајца) и витамин Ц бидејќи тие исто така имаат благотворно дејство врз заштита на кожата.
Човечкото тело најдобро ги апсорбира витамините и минералите од природните сокови.
Најдобро е да се консумираат свежо цедени сокови.
Но, бидејќи бета-каротинот може да издржи високи температури – тој е термостабилен, нема страв дека ќе се уништи со готвење.
Доколку не можете да правите свеж сок секој ден, подгответе го по следниот рецепт.
Потребни состојки:
500 гр моркови
300 гр праски
вода по потреба
мед и лимон по желба
Подготовка:
Излупете ги праските и сварете ги кратко во малку вода (околу 2 дл). Изблендирајте ги.
Исцедете го морковот во соковник.
Истурете го сокот од праска, додадете околу 1 л вода и повторно вриете кратко.
По желба, во изладениот сок можете да додадете мед и сок од лимон.
Доколку немате соковник, изренданиот морков можете да го изблендирате со праската, но имајте предвид дека вкусот и текстурата на сокот нема да бидат исти.
Во овој случај, користете 200 гр моркови.
Додадете вода колку што одговара на вашиот вкус.
Доколку се подготвувате да одите на море или некаде каде што ќе поминувате повеќе време на сонце, навреме подгответе ја и заштитете ја кожата на природен начин.