Солени мафини за 20 минути
Денот нека ви започне со супер деликатес за кој треба само да измешате неколку состојки, да ги ставите во калап за мафини и да ги испечете
Потребни состојки:
- 1 шоља обично бело брашно (300 мл)
- 1 шоља пченкарно брашно
- 3 јајца
- Пециво
- 250 мл јогурт
- 150 мл зејтин
- 100 гр сувомеснато по ваш избор
- 100 гр сирење или кашкавал
По ваш избор може да додадете и маслинки или други намирници
Подготовка
Се се меша заедно во едне сад со маталка. Се става смесата во подмачкан плех за мафини и се пече на 200 степени околу 20 минути. Штом се испече се оставаат мафините да се изладат и подоцна се спремни за сервирање.
Уживајте!