Храна и Здравје

Трикови кои ќе ви ги спречат солзите додека сечете кромид! Подготвувањето оброци повеќе нема да биде кошмар

Со овие испробани трикови, нема да има повеќе солзи при сечкањето кромид.

Очите се наводнуваат кога сечете кромид, а повеќето јадења вклучуваат употреба на кромид. Кромидот содржи аминокиселини наречени сулфоксиди и кога ќе го исечете се ослободува.

Еве неколку трикови за да ги спречите солзите:

Замрзнете го кромидот

Излупениот кромид ставете го во замрзнувач и извадете го кога сакате да го исечете, нема да ве насолзи.

Кромидот потопете го во ладна вода

Ладната водена го лади кромидот, што го забавува производството на хемикалии. Овој метод помага, но е помалку ефикасен од методот на замрзнување.

Користете многу остар нож

Остриот нож сече почисто, што значи помало оштетување на текстурата на кромидот и се ослободуваат помалку амино киселини.