Трик кој ќе ја врати свежината на стариот леб
Стариот и тврд леб за јадење може да биде извор на разни гастрономски експерименти. Од него можете да направите презла, но можете и да направите колбаси, пудинг од леб и слични јадења. Но, можете да ја вратите истата оригинална свежина.
Заборавете на микробрановата печка и таквите обиди да го “оживеете” лебот, наместо тоа, ставете го бајатиот леб под млаз вода. На интернет се прошири трик за враќање на свежината на лебот, кој навистина делува, особено со парчиња леб како багети!
Целото парче леб ставете го под млаз вода од чешма неколку секунди. Важно е површината на лебот добро да се намокри, но да не се впие во течноста. Натопениот леб печете го во загреана рерна на 170 Целзиусови степени околу пет до 10 минути. Внимавајте на лебот да не изгори.
Извадете го лебот од рерна, исечете го и направете сендвич од него или послужете го со јадење по ваш избор. Имајте добро време!