Три домашни пијалоци кои ви помагаат да го намалите салото од стомакот
Премногу сало на стомакот се смета за исклучително опасно за здравјето на срцето, а дури и слабите луѓе се изложени на ризик да развијат кардиоваскуларни болести доколку имаат вишок сало на стомакот.
Трчање, возење велосипед, пливање – секоја форма на вежбање што го поттикнува срцето е добредојдена доколку сакате да се ослободите од вишокот сало од стомакот. Студијата од пред неколку години, објавена во American Journal of Physiology, тврди дека 20 километри трчање неделно најдобро ќе помогнат во отстранувањето на масните наслаги од стомакот, пренесува N1 Zagreb.
Процесот можете да го забрзате со додавање одредени намирници во вашата исхрана, како и чаеви кои ќе ви помогнат, особено ако ги пиете пред спиење.
Пијалоци кои топат килограми ако ги пиете пред спиење:
Краставица, Лимон, магдонос
Овој напиток можете лесно да го подготвите во вашата кујна, за него не се потребни посебни состојки, а веројатно веќе имате се што ви треба дома.
Краставицата е позната по својот мал број калории и голема количина на вода. Друга важна состојка за слабеење е магдоносот, кој делува како природен диуретик и содржи витамини А, Б и Ц кои го контролираат задржувањето на водата во телото додека спиете. Лимонот ќе му даде подобар вкус на пијалокот, а исто така може да им помогне на цревата и дигестивниот тракт подобро да работат. Ставете ги сите состојки во блендер, додајте вода и вклучете го. Консумирајте пред спиење.
Зелен чај
Вежбањето и зелениот чај одат рака под рака и помагаат во побрзо согорување на салото на стомакот. Зелениот чај е вистински рудник на антиоксиданси кои го спречуваат таложењето на штетните материи во организмот. Гответе го пред спиење и ќе си ја заврши работата додека вие сонувате.
Чај од ѓумбир
Една топла шолја од овој напиток пред спиење ќе го подобри варењето, ќе го смири надуеноста и други проблеми. А здравото варење ќе помогне при слабеењето, бидејќи сите токсини се елиминираат од телото за да може да ги апсорбира есенцијалните хранливи материи, пишува Ordinacija.hr, а пренесува N1info.rs.