Чаша сок од домати наутро може да помогне во намалувањето на холестеролот
Иако тоа не е првиот избор кога мислиме на сок, експертите тврдат дека една чаша сок од домати наутро може да донесе бројни здравствени придобивки, вклучувајќи ја и борбата против високиот холестерол. Овој малку кисел пијалок крие моќна компонента, ликопен.
Според истражувањето на Универзитетот во Илиноис, ликопенот, пигментот кој ја дава црвената боја на доматите, е моќен антиоксиданс кој ги штити клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали. Кога премногу ќе се акумулираат во организмот, настанува оксидативен стрес кој е поврзан со забрзано стареење и разни хронични заболувања.
Д-р Едвард Џованучи објаснува дека специфичниот облик на молекулата на ликопен го овозможува неговото моќно дејство во неутрализирање на слободните радикали, потенцијално дури и подобро од другите антиоксиданси.
Високиот холестерол може да ги стесни крвните садови
Ликопенот може да помогне и во намалување на воспалението, кое е поврзано со пониски нивоа на „лошиот“ ЛДЛ холестерол. Едно истражување од 2014 година покажа дека луѓето кои пиеле сок од домати најмалку четири пати неделно во текот на два месеци забележале пад на ЛДЛ, додека кај некои дури имало и зголемување на „добриот“ ХДЛ холестерол, пишува “The Mirror”.
Според британскиот NHS, високиот холестерол може да ги стесни крвните садови и да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Иако генетиката игра улога, високиот холестерол често е резултат на навиките во исхраната и начинот на живот. Ако имате здравствени проблеми, особено со холестерол, секогаш консултирајте се со лекар пред да направите значителни промени во исхраната