Храна и Здравје

Чоколадни тартуфи со само три состојки: Ќе ги направите сами и ќе ви се стопат во уста

Доколку ве мрзи да ги правите долгите и комплицирани рецепти за десерти, а сакате нешто вкусно, ви претставуваме еден рецепт за чоко тартуфи за кои ви се потребни само 3 состојки.

Состојки:

  • 300 гр. чоколадо за готвење
  • 200 мл. слатка павлака
  • какао во прав

Како се прават:

Исечкајте го чоколадото што е можно поситно. Потоа ставете ја слатката павлака на оган и оставете да зоврие, а потоа прелијте ја врз чоколадата.

Поклопете и оставете да отстои 3 минути, а потоа мешајте додека не добиете хомогена смеса. Покријте ја со фолија и оставете да се излади во фрижидер 3 часа.

Кога смесата доволно ќе се излади, вадете со лажица и со раце обликувајте ја во топчиња. На крајот извалкајте ги топчињата во какао и тартуфите се подготвени за јадење.