Што се случува со вашето тело ако не пиете доволно вода
Многу луѓе не консумираат доволно вода, а не се ни свесни за последиците што таа ги има врз нивното здравје. Докторката Надира Авал објасни за што се работи.
Таа изјавила дека најдобро е да пиете вода во текот на денот наместо да чекате додека не бидете жедни. Главоболките се ран знак за дехидрација.
„Како што телото дехидрира, производството на плунка се намалува, предизвикувајќи ја устата да се исуши. Усните исто така може да бидат суви и испукани“, изјави таа за Metro.co.uk.
Кога телото не е доволно хидрирано, кожата станува помалку флексибилна. Авал рече дека постои едноставен тест за тургор на кожата каде што нежно ја штипкате и ослободувате кожата на задниот дел од раката.

„Ако кожата наскоро не се врати во нормална положба и наместо тоа изгледа „затегнато“, тоа може да биде показател за дехидрација“, објасни таа.
Дехидрацијата, исто така, влијае на нивото на вашата енергија. Заморот е вообичаен знак за оваа состојба, но многу луѓе го игнорираат. Како што дехидрацијата станува поекстремна, симптомите стануваат посилни. Се јавуваат забрзани отчукувања на срцето, потешко дишење и слично.
Во екстремни случаи на дехидрација, ранливите популации, вклучително и постарите и децата, треба да побараат лекарска помош. Авал ги советува мажите да пијат три литри вода секој ден. Жените треба да пијат околу два литра вода секој ден.