ПопуларноХрана и Здравје

3 растенија од кои крлежите „бегаат како луди“: Засадете ги во дворот и никогаш повеќе нема да ги видите

Доколку сакате трајно да се ослободите од крлежите во дворот и да ги заштитите себе си и своите миленици, клучно е правилното одржување на тревата, користењето на природни растенија како жалфија и лаванда, и внимателна организација на просторот за седење и животни.

Крлежите се мали, но многу упорни паразити кои се кријат во ниска вегетација и засенчени места – токму таму каде што често поминуваме време, што ги прави чести и непосакувани придружници при престој во природа.

Поради нивната способност да пренесуваат опасни болести, важно е соодветно да се заштитиме преку облека која спречува директен контакт и го намалува ризикот од каснување.

Во продолжение, дознајте како ефикасно да се заштитите и да избегнете непријатни средби со крлежи.

Растенија од кои крлежите „се плашат“

Крлежите ретко се задржуваат на места каде растат билки како жалфија, лаванда или декоративната американска боровница (Callicarpa americana), па можете да го оградите просторот за седење во градината токму со овие грмушки за дополнителна природна заштита.

Редовно одржувајте ја тревата и украсните грмушки

Ова е особено важно околу рабовите на тревникот, бидејќи тие се омилени места за крлежите. Отстранувајте го паднатото лисје и искосената трева, така што ќе ги фрлите во ѓубре или. По потреба, можете да користите и хемиски репеленти долж рабовите на дворот за дополнителна заштита.

Направете подлога

Крлежите избегнуваат површини како дрво и чакал, па можете да ги користите како подлога под просторот за седење во дворот. Идеално е тој простор да биде на сончева и сува страна од дворот, бидејќи крлежите претпочитаат ладни и влажни места. Исто така, избегнувајте да поставувате лежалки блиску до грмушки или обраснати ѕидови.

Чакал како граница

Ако вашиот двор се наоѓа во близина на шумско подрачје, направете заштитна „граница“ долж рабовите користејќи материјали како струготини, песок, пилевина или кршен камен, за да го спречите навлегувањето на крлежите.

Внимавајте на милениците

Посебно внимавајте на домашните миленици кои поминуваат време во тревата и градината — задолжително прегледајте ја нивната кожа пред да влезат во куќата и отстранете ги сите крлежи кои ќе ги забележите.

Ако имате или планирате штала за крави или кози, погрижете се да биде што подалеку од куќата, бидејќи ваквите простори можат да станат извор на крлежи во вашата околина.