Една вообичаена навика на партнерот може да го уништи бракот, тврди терапевтот
Една од многуте причини за брачни кавги се финансиите, а паровите честопати не знаат како да се справат со бракот и парите. Во романтична врска, колку и да се сакаат паровите, можат да се караат за пари. За жал, има моменти кога работите излегуваат од контрола, истакнува брачната советничка и терапевтка, Кристина Јанг.
„Едноставно несогласување за финансиски прашања може да се претвори во нешто што може да го уништи бракот“, предупреди таа.
Затоа, главната причина за многу конфликти во бракот често се финансиите. Паровите, без разлика колку се сакаат, може да се скараат за пари, а едноставните несогласувања можат да се претворат во сериозни проблеми опасни по бракот. „Различните гледишта за парите, каде едниот партнер ги гледа парите како извор на сигурност, а другиот како средство за зголемување на самодовербата, може да предизвикаат тензии за кои паровите не се ни свесни“, објаснува терапевтот.

Чест проблем е и нерамномерната распределба на финансиските обврски. Ако еден партнер ги преземе сите финансиски одлуки, тоа може да доведе до недоразбирања, па дури и до финансиска злоупотреба. Важно е двајцата партнери заеднички да учествуваат во финансиското планирање и да донесуваат одлуки за трошење.
Друг предизвик се различните финансиски цели. Кога едниот партнер троши премногу на неважни работи, тоа може да создаде чувство на неправда, особено ако се занемарат важните трошоци. Исто така, нерамнотежата во приходите може да доведе до конфликт, особено ако оној што има поголема плата се обидува да ги контролира финансиите на бракот.
“Решението за овие проблеми лежи во отворената комуникација и соработка. Разговарајте за финансиите, планирајте заедно и не дозволувајте негативните емоции да завладеат. Клучот е слушањето, разбирањето и компромисот”, заклучува Јанг.