Мажите открија: Ова се причините зошто не сакаме секс со сопругите!
Беше спроведено големо истражување на 4000 мажи и жени кои престанале да имаат сексуална интимност.
По правило, повеќето мажи сакаат секс, а иако здравствените проблеми се причина за мажите по 30-тата години, кај повеќето станува збор за најобична – досада. Зошто се повеќе парови се откажуваат од сексуалната интимност? Брачниот пар – лекарот и терапевт др. Боб Берковиц и Сузан Јагер-Берковиц, спровеле големо истражување на 4.000 мажи и жени во таа ситуација. Во својата книга „Зошто мажите престанаа да имаат секс? ги откриле сите причини. Еве кои се, пишуваат „Prevention“.
1. Проблеми со либидото и ерекцијата – 30 отсто од мажите изјавиле дека страдаат од еректилна дисфункција, 16 отсто од предвремена ејакулација и 15 отсто од одложена ејакулација. Некои од нив воопшто не можат да ејакулираат.
2. Депресија – Дури 34 отсто од мажите изјавиле дека се депресивни, а 57 отсто од жените мислат дека нивните сопрузи се во таа состојба. Депресијата е сериозна состојба при која губиме мотивација, желба и волја, па не е ни чудо што и желбата за овој аспект од животот отсуствува. Ако земате апчиња со лекови, тие можат директно да влијаат на вашето либидо.
3. „Мојот партнер повеќе не ми е доволно сексуално авантуристички“ – изјавиле 68 отсто од мажите.
4. „Мојата партнерка изгледа како повеќе да не ужива во сексот“ – причина за 61 процент од мажите.
5. „Сексот ме интересира, но не со партнерката“ – изјавиле 48 отсто од мажите.
6. „Јас сум лут на неа“ – причина за 44 отсто од мажите.
7. „Досадно ми е“ – изјавиле 41 отсто од мажите.
8. „Мојот партнер е во депресија“ – причината за избегнување секс кај 40 отсто од мажите.
9. „Партнерката повеќе не ми е привлечна“ – велат 32 отсто од мажите.
10. „Имав или имам афера“ – мислат 20 отсто од мажите.