Мажите се три пати подобри во кревет кога тоа го прават во собата
За многу мажи кои се обидуваат да заведат жена, првото нешто што им паѓа на ум е затемнување на светлата.
Сепак, токму тоа не треба да го прават доколку сакаат да го покажат најдоброто во кревет.
Сè повеќе мажи постари од 40 години страдаат од недостаток на сексуална желба
Падот на либидото варира во зависност од годишните времиња, а научниците решија да проверат дали тоа има некаква врска со влијанието на амбиенталната светлина или недостатокот од неа.
Тим италијански научници од Универзитетот во Сиена испитувале 38 мажи кои се борат со ниско ниво на сексуална желба.
За да ја тестираат теоријата, мажите биле поделени во две групи. Две недели, група мажи секое утро биле носени во светло осветлена просторија.
По овој период им било мерено нивото на тестостерон и било забележано дека тој значително се зголемил во споредба со друга група мажи кои не биле изложени на силна светлина.