Најголемата женска фантазија не е тројка ниту врзување! Најмногу ги возбудува нешто друго
Мажите често мислат дека нивните партнерки се желни за заеднички сексуални фантазии, но истражувањата откриваат поинаква вистина.
Според истражување објавено од британскиот „Сан“, најчестата женска сексуална фантазија не е тројка, ниту практики со врзување.
Во прашање е – секс со непознат маж. И не, проблемот не си ти. Само – не си „тој непознат“.

Канадскиот сајт Ешли Медисон, познат по „дискретни авантури“, спроведе истражување меѓу жени кои се во долги врски.
Резултатите се доста шокантни:
- 50% од жените признаваат дека за време на секс фантазираат за друг маж
- 7% го прават тоа секој пат
- Многу од нив имаат свој „фантазиски тим“ – како Премиер лига, но со љубовници од имагинацијата

Психотерапевтката Луси Бересфорд објаснува дека жените уште во тинејџерски години развиваат фантазии за недостижни мажи – пејачи, спортисти, филмски херои – и тие слики остануваат, дури и кога ќе се омажат и секој четврток готват грав.
Истражувањето откри и други интересни податоци:
- BDSM игри и покорност се честа тема
- 94% од жените сè уште сакаат нежност и романтика
- 43% не се задоволни од сексуалниот живот со партнерот
- 8 од 10 жени размислувале за отворена врска – барем теоретски
Заклучок?
Фантазиите се нормални. Но кога сексот ќе стане рутина, фантазијата ја презема главната улога. И додека мислиш дека си дал сè од себе – таа можеби веќе е во трета епизода од нејзината приватна еротска серија.
Затоа – без драма. Внеси малку игра, непредвидливост и зачини ја секојдневицата. Можеби не мора да глумиш Бетмен, но можеш барем да бидеш некој нов во нејзиниот кревет.