18+

Овие женски карактеристики најмногу ги привлекуваат мажите – а тоа не се задникот или градите

Професорот по психологија д-р Миџ Вилсон откри за „Business Insider“ кои се карактеристиките на жените кои најмногу ги привлекуваат мажите.

Висок тон – Како што жените ги привлекуваат мажи со длабок глас, така и мажите ги привлекуваат жени со висок глас. Мажите ги сметаат за поженствени, но и помлади поради тоа.

Помалку шминка – Иако жените сакаат да се шминкаат и мислат дека тоа ќе ги привлече мажите, вистината е сосема поинаква. Мажите сакаат шминка кај жените, но таа треба да биде умерена.

Половината и колковите – ако жената има згодна половина, која е потесна од нејзините колкови, мажите ќе летаат над неа. Жените со тело во облик на круша се особено привлечни за мажите, а поради широките колкови подоцна ќе им биде полесно да се породат.

Здрава коса – Мажите сакаат долга, но здрава коса кај жените, па ако имате поделени врвови, брзо посетете фризерски салон и купете некои производи за сува коса.

Насмевка – Жените кои се насмевнуваат често изгледаат посреќни и позадоволни, а со тоа и попривлечни за мажите.

Црвена облека – Жените кои носат црвено ќе привлечат повеќе машки погледи. Затоа, доколку сте сингл и не знаете каков фустан да облечете за новогодишната ноќ, црвената боја треба да ви биде прв избор.

Должина на рацете – Иако звучи чудно, истражувањата покажаа дека мажите сакаат жени со тенки, долги раце.