18+

Поранешната порно глумица, Лана Роудс сака сите нејзини видеа да бида тргнати од интернет

Поранешната ѕвезда на филмовите за возрасни Лана Роадс ја откри својата желба сите нејзини претходни сцени да бидат отстранети од интернет.

27-годишната девојка, која потекнува од Чикаго, ја започна својата кариера за филмови за возрасни во 2016 година, но реши да ја напушти индустријата набргу потоа. И покрај тоа што се здоби со огромна популарност и стана најбараната актерка во 2019 година, Роудс беше искрена за психичката цена што ја платила поради нејзината кариера.

На гостување во поткаст, таа изрази желба да ги избрише сите нејзини видеа, велејќи: „Немам права над многу од видеата кои се снимени, инаку веројатно ќе ги избришав сите досега“.

Таа за својата кариера изјави: „Искрено им велам на луѓето, кога би можела да се вратам назад, би се откажала од се за да ми се вратат достоинството и почитта и луѓето да не можат да ме гледаат на тој начин“.

Роудс исто така ја критикуваше порно индустријата и ги раскажа нејзините ужасни искуства од снимањето на сцени за возрасни. Таа откри еден особено вознемирувачки инцидент што сè уште ја прогонува, опишувајќи го како „една од најодвратните, најгнасни сцени“ што некогаш ги преживеала.

И покрај финансиските тешкотии со кои се соочи додека беше во индустријата, Роудс постигна успех по пензионирањето. Зборувајќи на YouTube каналот “BFFs” со Дејв Портној и Џош Ричардс, таа ја откри нејзината трансформација во мултимилионер откако ја остави индустријата за филмови за возрасни зад себе. Rhoades сега е ко-водител на поткаст со наслов “3 Girls 1 Kitchen”.

Исто така е мајка на машко дете која го имаше со НБА кошаркарот Блејк Грифин