Поранешната ѕвезда на Дизни почна да шитка голи слики и видеа на порно страни
Беше ѕвезда на Дизни, а денес е порно актерка: „Жената се зајакнува себеси со продажбата на својата сексуалност“
Поранешната ѕвезда на Дизни, Мејтленд Вард, одлучила да стане порно актерка пред неколку години.
Вард се прослави во 90-те со нејзината улога во ситкомот на Дизни „Boy Meets World“. Седум сезони се емитуваа на каналот „ABC“ од 1993 до 2000 година, а таа сега проговорила за предрасудите кои многу луѓе ги имаат за неа.
„Постои голема стигма дека луѓето кои се занимаваат со порнографија, особено жените, влегле во оваа индустрија поради една од следниве причини: тие се луди, користат дроги, претрпеле сексуално насилство, нивните семејства ги мразат или не ги сакаат. Ретко се зборува за тоа како жената се зајакнува себеси со „продавање“ на својата сексуалност. Општеството генерално има исклучителни проблеми да го препознае и прифати успехот на сексуалните работнички“, вели актерката.
Мејтленд изјавила и дека тоа не значи дека споменатите проблеми не постојат, туку дека не е во ред што луѓето речиси секогаш ги поврзуваат со порнографија. Таа додава дека е лута бидејќи ѕвездите од филмовите за возрасни постојано мораат да се бранат и да објаснуваат зошто ја работат работата што ја сакаат.
„Многу од нив лажат за својата професија, се кријат зад лажни имиња и имаат вистински страв од физичко и економско насилство“, вели таа.
Мејтленд се труди секогаш отворено да зборува за порнографијата. Таа верува дека да се биде сексуално слободен значи да се биде „вистински ослободен“.
„Количината на успехот и парите што жените можат да ги добијат во оваа индустрија никогаш не била поголема. Со порастот на платформите како што е „Only Fans“, жените никогаш не имале поголема контрола над нештата кои мажите отсекогаш ги контролирале. Единствената работа која нè спречува да одиме до крај е табуто кое владее“.