18+

Секогаш кога оди на одмор го изневерува своето момче: Нејзиното објаснување е урнебесно

Сигурно сте слушнале стотици различни оправдувања за прељуба, но веројатно до сега не сте знаеле дека причината за неверството може да бидат и „летните горештини“.

Имено, Сијан (29), програмерка од Велика Британија, тврди дека „летните горештини ја принудуваат да го изневерува партнерот“.

Таа објасни зошто секогаш чувствува потреба да изневерува кога е на одмор во друга земја и како сонцето и високите температури влијаат на тоа. Таа призна дека во последните две години десет пати го изневерувала партнерот додека била на одмор со пријателите. Колку ужива во изневерувањето и му придава важност, говори податокот дека Сиан месецот август го нарекува „августовска страст“.

„Повеќе уживаме во патувањето со пријателите и меѓу нас постои разбирање бидејќи имаме златно правило, она што се случува на одмор останува таму, односно имаме дозвола да изневеруваме кога не сме заедно“, објаснила таа. Интересна е нејзината изјава дека сè уште го сака своето момче и нема желба да биде во врска со некој друг, но смета и дека од година во година верноста на истиот партнер станува досадна.

„Преферирам да имам дискретни афери со други луѓе кои се како мене и сакаат да водат љубов без обврски“, тврди таа.

Сигурно се прашувате како реагирал нејзиниот партнер кога дознал за нејзината прељуба … Не се налутил затоа што договорот е слободно да има афери со други жени, доколку се укаже прилика. Без гнев!

Истражувањето спроведено во Велика Британија покажа дека луѓето имаат четири пати поголема веројатност да имаат секс со некој „на страна“ кога се на одмор отколку дома, со нешто повеќе од половина од испитаниците, 56 отсто уживаат во интимни односи на отворено, додека само 14 проценти го прават тоа редовно дома. Плажата е најпопуларната локација кога станува збор за водење љубов на отворено.