Се грижите дека сте пребрзи во кревет? Ќе ве изненади колку долго всушност трае сексот кај повеќето парови
Дали некогаш сте се запрашале дали вашиот сексуален однос трае премногу кратко во споредба со другите парови? Или, можеби, сте се двоумеле да прашате познаници колку навистина трае нивниот сексуален однос?
Ако не сте, компанијата Lovely го направи тоа наместо вас – спроведоа истражување меѓу 432 парови за да добијат одговор на ова прашање. Резултатот: просечниот сексуален однос трае околу 12 минути.
Паровите чиј сексуален однос трае малку подолго – во просек 19 минути – изјавиле дека се многу задоволни од нивниот сексуален живот. Од друга страна, оние кај кои сексот трае околу 7 минути во просек, изразиле желба да променат нешто во врската.
Претходни истражувања веќе покажаа дека жените ретко имаат доволно време, особено ако се вклучи и предиграта. Бидејќи на жените им е потребно подолго време за да доживеат оргазам, просекот од 12 минути изгледа прилично кратко. Во оваа конкретна студија не е прецизирано дали времетраењето го вклучува и делот на предиграта, ниту пак каква е зачестеноста на оргазмите кај двата пола.