„Се допишувам со колега кој е двојно помлад од мене, сакам повеќе со него“! Исповед на жена чиј брак во криза го урна интернетот!
Една жена на Редит признала дека започнала тајна врска со колега, иако е во брак 20 години.
Нејзината врска со колега која е многу помлад од неа започнала со случајна допишување, но набрзо сакала повеќе, бидејќи одамна не чувствувала страст и блискост во бракот.
Таа се чувствувала како да е повторно млада бидејќи нејзиниот љубовник ја потсетил на нејзиниот сопруг од кога се запознале.
Нивната врска напредувала до интимни пораки и фотографии.
Жената сега сака вистинска физичка врска со својот сакан, но тој живее со својата девојка, иако тврди дека таа врска е завршена.
Иако знае дека тоа не е во ред, таа се чувствува посакувана, за разлика од ситуацијата во нејзиниот брак, каде што нејзиниот сопруг не покажува интерес ниту за основното внимание, што предизвикува нејзино незадоволство.
Жената и нејзиниот љубовник се договориле дека ќе бидат интимни само ако ги напуштат партнерите, пишува Сан.
Психолозите велат дека ваквата состојба е честа кај долгите бракови.
„Не оставајте го вашиот сопруг поради платонски љубовник.
„Од друга страна, можно е вашиот сопруг да минува низ нешто што влијае на неговото либидо. Можеби е депресивен или вознемирен, а можеби и редовно гледа порнографија, што исто така може да предизвика проблеми во врската, затоа бидете отворени и разговарајте за се“, е пораката од онлајн терапевт.