18+Популарно

Сопругот ја изневерил со 30 години помлада жена: „Од начинот на кој се запознале ми се гади“

„Јас сум уништена. Сакав да поставам илјада прашања, но само плачев“.

Жената рече дека се чувствува ужасно поради аферата на нејзиниот сопруг со многу помлада девојка – и дополнително била шокирана од начинот на кој се запознале. Имено, таа ја откри шокантната вистина откако забележала промени во однесувањето на нејзиниот 50-годишен сопруг. Се вознемирила кога тој ја признал аферата, а шокот станал уште поголем кога дознала дека жената со која ја изневерувал е 20-годишна девојка која ја тренирал од нејзината 10-та година, пишува “Mirror”

Таа ја сподели својата приказна на “Mumsnet”, барајќи совет како да се справи со оваа ситуација. Таа објасни: „Мојот сопруг наполни 50 години на крајот на декември, а заедно сме 25 години. Долги години беше спортски тренер во клубот.

Таа продолжи: „Таа девојка беше негова штитеничка. Рано почнал да ја тренира кога имала 10 или 11 години. Таа подоцна се оддалечила, но тој останал во контакт со нејзините родители, а потоа и со неа додека таа растела. Не знам дали сè уште се занимава со тој спорт.

Таа додала дека девојката дошла во нивниот град за новогодишната ноќ, а нејзиниот сопруг ја поканил на роденденска забава што ја организирал минатиот викенд. „Следната вечер тој излезе под изговор дека ќе запознае пријател. „Не поставував прашања“, напиша таа.

Сепак, таа набрзо забележала промени во неговото однесување. „Тој беше чуден во последните неколку недели – далечен, незаинтересиран за секс“, тврди таа. Конечно и признал што се случило: „Ми кажа синоќа дека ја сретнал во паб, дека се опијаниле, се вратиле во нејзиниот хотел и спиеле заедно“.

„Јас сум уништена. Сакав да поставам илјада прашања, но само плачев“, напиша таа. Нејзиниот сопруг ја уверил дека тоа се случило само еднаш, но дополнително била шокирана што девојчето е помладо од една од нивните ќерки. Таа заклучи: „Нашиот брак заврши“. Како да се справам со ова?“

Корисниците на “Mumsnet” побрзаа да го осудат однесувањето на нејзиниот сопруг. Еден коментирал: „Маж ти е одвратен. Тоа 100% би значело крај на мојот брак. Друг советуваше: „Одвојте време да го обработите сето ова“. Не треба веднаш да донесувате одлуки, но нема враќање назад.