Тешки времиња за родителите на Бјанка Ценсори откако се појавија голи слики со проѕирна кабаница!
Родителите на познатата моделка се во шок од кога беа објавени слики од Канје Вест и нивната ќерка Бјанка Ценсори, гола, во проѕирна кабаница на дожд. “Канје Вест ја има во стапица од лажни ветувања” кажуваат родителите
Родителите на 29 годишната австралијанка наводно се во голем немир откако ги виделе сликите од нивната ќерка, гола во проѕирна кабаница во јавност. Тие тврдат дека Канје тотално ја контролира.
Ценсори не остави многу за имагинацијата, кабаницата што ја носи е целосно проѕирна и ја покрива само до колената, нозете и се покриени само со високи црни чизми. Од другата страна, Канје е облечен со бог знае колку слоеви облека, и иако на Бјанка делуваше како да и е ладно, но тоа не го засегаше многу Канје.


Тоа што Канје и Бјанка не го размислиле е дека вака облечена, Бјанка всушност го крши законот на Калифорнија.

Според калифорниски закони, покажување голота во јавност се смета за криминал.
Според најавите, нејзините родители се наоѓаат во големи тешкотии и веќе им е тешко да ја препознаат својата ќерка. Според нив, она не би го правела ова доколку не била под туѓа контрола.
„Канје продолжува да ја заглавува! Тој упорно и дава сопственост во неговите проекти, вклучувајќи го бизнисот за облека“
Канје во минатото беше обвинет за давање „правилник на однесување“ на Бјанка во кој наводно било специфицирано кога смее да збори, што смее да јаде, и секако што смее да облекува.
Парот имаше тајна свадба во Декември 2022, еден месец по финализирањето на разводот со неговата бивша жена Ким Кардашијан, со кого има четири деца.
Родителите на Бјанка, Александра и Лео, и во минатото имаат изјавено дека се исплашени за врската на нејзината ќерка со модниот дизајнер, и дека Канје е со Бјанка само за да ја заборави претходната врска.

Но од друга страна, и родителите на Бјанка не се баш цвеќиња за мирисање. Имено, нејзиниот татко го опишуваат како „тежок криминалец“. Тој во 90-тите имал цена на својата глава и сакале да го отепаат. Исто така има лежено во затвори поради увоз на хероин и поседување на огнено оружје.