(ФОТО) Исповед на најубавата одбојкарка на светот: Од големите гради не можам да играм
Кејла Симонс (26) и официјално е прогласена за најатрактивна одбојкарка на планетата според гласовите на навивачите. Убавата Американка, која игра за одбојкарскиот тим на Универзитетот Маршал, се отвори и истакна дека нејзините бујни гради претставуваат сè поголема тешкотија во играњето одбојка.
Кејла дипломирала во 2018 година, а со своите обожаватели (кои ја следат повеќе поради нејзиниот атрактивен изглед, а помалку поради одбојкарските вештини) сподели дека нејзините гради предизвикуваат големи проблеми за време на натпреварите.
Таа во живо разговараше со своите фанови на Јутјуб, а на ред дојде и темата за бујните гради и колку тие ги ограничуваат спортистките.
„Искрено, би ми било многу полесно да имам помали гради. Знам дека би била подобра во одбојка, дефинитивно и драстично. Ќе бев побрза, поскочна… Но, што е тука е, сигурно не се жалам на мајката природа, напротив“, низ смеа рекла Кејла.
Потоа зборувала за приватниот живот и открила дека е сингл, иако во инбоксот секојдневно добива неколку илјади пораки со најразлични содржини од мажи ширум светот. Таа открила и дека и пишуваат некои светски познати лица, но не сакала да открие кои се тие.
Во продолжение погледнете зошто Кејла е прогласена за најубава одбојкарка на светот: