18+

Ја видов кумата како ја става раката во панталоните на младоженецот! Работел на најлошата свадба досега, а потоа следел уште поголем шок

Шанкер кој работел на свадби пред десет години, на Редит ја објавил приказната за најлошата свадба на која некогаш бил.

Иако бил навикнат на се, тој тврди дека оваа венчавка му била една од најлошите во кариерата.

– Додека работевме на свадби, обично набљудувавме што прават луѓето, па набрзо сфативме дека нешто не е во ред – напиша тој.

– Првиот пат кога забележавме нешто чудно беше кога една од деверушите малку предолго седеше во скутот на младоженецот на масата – рече тој.

Но, набрзо сфатиле дека не станува збор за деверуша, туку за кума на младоженецот.

– Наскоро таа одржа говор во кој 10 минути зборуваше за тоа како таа и младоженецот се најдобри пријатели од детството и дека имаат посебен однос во текот на нивниот живот. Таа не ја ни спомна невестата – вели тој.

После тоа, младенците едвај комуницирале. И кога дојде орото, кумата почна да игра со младоженецот и да му ги „трие нозете“.

– Во исто време, таа ги стави дланките на предниот дел од неговите панталони – напиша тој.

На ужас на келнерот, невестата изгледала „сосема заборавена“ на целата ситуација. Како што се приближуваше вечерта, на ред дојде свадбената торта, набрзо сфатија дека младоженецот некаде исчезнал.

– Деверушите почнаа да го бараат, а некој рече дека го виделе како се качува горе во собата за младенците – се сеќава тој.

Шефот на салата отиде во апартманот за да го провери младоженецот, но виде многу повеќе отколку што очекуваше. Имено, тој ги нашол младоженецот и кумата заедно во собата, а нејзината рака била во неговите панталони.

– Им кажа дека невестата го бара долу и дека е време да ја пресече свадбената торта – се сеќава поранешниот шанкер. Десет минути им требаа да ги доведат младоженецот и кумата на ред и да се вратат на свадбата.

– Сè уште ми се гади кога ќе се сетам колку беше срамно кога конечно се појавија во салата, како ништо да не се случило – заклучил поранешниот шанкер, пишува The Sun.