18+

Jа фатил жена му како го изневерува со сопствениот брат, но тоа не е најбизарниот дел од приказната: Еве што направила мајката

Неверојатната приказна е снимена на крајот на март во Тасманија, а дури неодамна доби и судски епилог.

Дејвид МекКалок (41) ја фатил сопругата како изневерува со сопствениот брат Џејми на задното седиште во автомобилот и во напад на бес се фатил за лопата.

Двојката е заедно 25 години и имаат четири возрасни деца, а семејниот дом го делеле со неговата мајка Сју.На денот на инцидентот, Џесинта МекКалок ја однела својата свекрва кај нејзиниот постар син Џејми, а кога го собрале, таа застанала на блискиот паркинг.

Дејвид во еден момент и се јавил на сопругата, но не можел да дојде до неа, па тргнал да ја бара. Нејзиниот автомобил го нашол на паркинг и го доживеал шокот на својот живот.На задното седиште ги видел сопругата и сопствениот брат, но тоа не било најбизарниот дел од приказната. Нивната мајка седела напред, очигледно незагрижена од ситуацијата, пишува Daily Mail.

Во напад на бес, Дејвид ја отвори вратата и почна да го удира Џејми. Тоа не било доволно, па извадил лопата од количката и продолжил да го повредува својот брат.Мајката се обидела да го спречи, но насилно била оттурната. Бесен, Дејвид ја скршил лопата, а потоа почнал да ја тепа сопругата со рачката по глава.Соседите ја слушнале вревата и повикале полиција, па бесниот сопруг бил уапсен, додека Џејми и мајката биле пренесени во болница.

Уапсениот Дејвид бил крајно исфрустриран и тврдел дека неговиот брат „го заслужил тоа што му се случило“. На надлежните им рекол дека дома има рачно изработено оружје и муниција.

Случајот заврши на суд, кој ја донесе пресудата минатиот петок. Судијката Тамара Јаго ги прифати околностите кои довеле до насилството.

„Нема сомнеж дека тоа што го направивте беше сериозно и дека користењето на лопата можеше да предизвика сериозни повреди. Реагиравте несоодветно, но прифаќам дека тоа беше емотивен одговор на откриените околности“, рече таа.

Дејвид Мекалок е осуден на три години затвор, а последните 18 месеци ќе бидат условно суспендирани, доколку се однесува соодветно.