Тешко дека во секое општество ќе слушнете муабет до кога треба да се фрли, т.е. да се смени долната облека затоа што тоа едноставно не е тема за разговор со луѓе.
Повеќето луѓе ќе ги перат и носат гаќите одново и одново додека, да речеме, не се олабави или не се искине, не избледе бојата и слично. И сите мислиме дека тоа е во ред, но експертите велат дека тоа не е паметно бидејќи има бактерии кои трајно остануваат на алиштата, без разлика колку пати ќе ги измиете и на високи температури.
Д-р Јалда Џамали истакнува дека начинот на кој ја миеме долната облека е многу важен.
„Перењето правилно, а не само редовно, е клучно за да имате чисти гаќички без бактерии. Ви препорачувам да ја перете долната облека одделно од другите алишта за да спречите пренесување бактерии од еден на друг. На пример, не сакате да перете вашите гаќи со крпа за лице. Покрај тоа, многумина од нас не ја перат долната облека на соодветна програма – се препорачува да се мијат на температура од најмалку 50-60 степени за да не се акумулираат бактерии на нив“, тврди докторката.

Таа додава дека бактериите на долната облека можат да го зголемат ризикот од урогенитални инфекции, вклучувајќи инфекции на уринарниот тракт, габичен вагинитис и бактериска вагиноза.
„Некои материјали се подобри од другите кога станува збор за долната облека. Секогаш избирајте памук наместо синтетика бидејќи памукот подобро ја апсорбира влагата и топлината од синтетиката и на тој начин го намалува ризикот од инфекции. Изберете ја вистинската големина, не сакате долната облека да ви виси , но важно е и кожата да може нормално да дише“.
Бидејќи рековме дека некои бактерии можат да останат долго време на облеката, тогаш важно е да се објасни колку долго долната облека треба да се исфрли од употреба и да се замени со нова.
“Гаќите брзо ја губат формата бидејќи често се мијат, па нивната удобност и чистота брзо стануваат критична. Ако ги миете правилно и се уште се удобни, нема потреба да ги менувате. Жените честопати непотребно ги заменуваат кога ќе изгледаат извалкани. Ова нормално и не треба да ве загрижува рН вредноста на секретот и не мора да значи дека има бактерии на алиштата“, вели д-р Џамали.
Колку точно ќе ви треба да ја ставите облеката надвор од употреба зависи и од тоа колку често носите одредени гаќички – колку повеќе имате, толку повеќе ги менувате, за да не ја носите истата премногу често, велат дека би било добро да се купи еднаш годишно неколку нови и да се заменат старите со нив.