Топчињата од пире од компири исполнети со месо и сирење се одлична идеја за ручек.
Состојки:
околу 1 кг компири
половина чаша млеко
50 гр путер
450 гр мелено месо
свеж копар
1 кромид
100 гр сирење
сол, бибер
1 жолчка од јајце
Подготовка:
Компирите сварете ги во солена вода, па направете пире со додавање млеко и путер. На крајот измешајте ситно сечканиот копар.
Меленото месо измешајте го со исечканиот кромид и зачинете по вкус, а кашкавалот исечкајте го на ситни коцки. Од мелено месо направете ќофтиња и во средината на секое ставете по едно парче сирење. Потоа направете топчиња од компири и во средината на секое ставете по едно ќофте.
Наредете ги топчињата од компири во плех обложен со хартија за печење, премачкајте ги со жолчка и печете ги околу 35 минути на 180°C.