Поранешната стјуардеса Менди Смит, која повеќе од 12 години работела во компанијата „Virgin Atlantic“, отворено проговори за феноменот познат како „mile high club“ – идејата дека парови имаат интимни односи за време на лет на височина од 10.000 метри.
Иако таквите ситуации се законски казниви, многу патници ги доживуваат како предизвик или своеобразен ритуал.

Како реагира екипажот кога ќе затекне пар во тоалетот?
Менди во емисијата „Honesty Box“ за „LADbible TV“ објасни дека лично никогаш не затекнала патници среде интимен однос во авионскиот тоалет, но откри дека постои јасно дефинирана политика на авиокомпаниите.
„Чукнам на вратата и кажувам: ’Извинете, можете ли да излезете‘, затоа што обично ми е јасно што прават. А ако не сакаат да излезат, вратата на тоалетот може да се демонтира иако е заклучена,“ изјави таа.
Додаде дека секогаш се трудела да не ги доведе патниците во непријатна ситуација, но дека постојат правила што мора да се почитуваат.

Кога стјуардесите „замижуваат“?
Менди признава дека понекогаш кабинскиот персонал одлучува да не ги прекине паровите:
„Ако е ноќен лет, нема деца во авионот и сè е мирно, веројатно не би ги ни вознемирила. Но ако е дневен лет и има деца, тогаш тоа е многу полошо,“ објаснува таа.
Колку е тоа честа појава?
На прашањето колку често патниците се обидуваат да станат дел од „mile high club“, Менди одговорила:
„Би рекла дека тоа се случува на еден од 20 или 30 летови, значи не баш толку често.“

Најбизарни случаи
Иако таа лично не доживеала драстични инциденти, сподели приказна од своја колешка:
„Една 18-годишна девојка била решена да стане дел од ’mile high club‘ и буквално му приоѓала на секого. Кабинскиот персонал ја спречи, па се врати на своето место. Но половина час подоцна повторно се обиде – со друг дечко! На крај колешката мораше да разговара со нејзините родители, бидејќи патуваше со мајка си и татко си.“
На крајот, како што раскажува Менди, родителите биле принудени да реагираат.
„Можеби и апарати за кондоми во авион“
Како шега, Менди додаде: „Можеби во авионите би можеле да поставиме и апарати за кондоми.“