Кајла Симонс (29), која медиумите и фановите ја нарекоа „најсексапилната одбојкарка на светот“, летово постојано објавува фотографии од плажа.
На нејзиниот „Instagram“ ја следат еден милион луѓе, со кои редовно споделува фотографии во костими за капење. Кајла на социјалните мрежи најчесто објавува содржина надвор од спортските терени, а комплиментите пристигнуваат во огромен број.
Заситена од прашања за обликот на телото
Симонс претходно открила дека ѝ пречи кога луѓето ја прашуваат за нејзините облини, но потенцира дека градите ѝ се природни.
„Немам никакви силикони. Целосно сум природна. Доста ми е да одговарам на тие прашања“, изјави таа.
Додаде дека кога била помлада сакала да има помали гради. „Сакав мали гради затоа што така ќе ми беше полесно да играм одбојка, но таа желба не ми се исполни. Со големи гради сè е потешко“, објасни Симонс.
Универзитетот барал да го изгаси „Instagram“ профилот
Кајла играла за тимот на „Marshall University“, а еднаш открила дека универзитетот побарал да ги тргне фотографиите од своето тело од социјалните мрежи.
„Универзитетската атлетика беше одлично искуство за мене, но ме научи и на неколку вредни лекции. Администраторите ми рекоа дека сликите што ги објавувам се несоодветни, а во еден момент дури ме замолија да го избришам мојот ’Instagram‘.
Бев растргната, затоа што чувствував дека не можам истовремено да го прифатам своето тело и да играм спорт кој го сакам. Од тогаш научив дека не смееш да дозволиш другите луѓе да влијаат на тоа како се чувствуваш за себеси“, изјави таа.
„Marshall University Athletics“ тогаш одби да ги коментира нејзините наводи.
Симонс денес живее во Лос Анџелес и, покрај тоа што е модел, активна е и на „OnlyFans“.