Кендра Вилкинсон растажи многумина со изјавата дека мажите повеќе не се заинтересирани за неа и дека таа нема да излегува на состаноци.
Поранешната Плејбој зајачица, Кендра Вилкинсон, пред неколку месеци истакна дека повеќе не ја интересираат мажите, а потоа додаде дека сака да остане сама.
Таа дури и ги замоли сите мажи што ја следат на социјалните мрежи да не ѝ се додворуваат.
„Не ме привлекува светот на состанувањата. Среќно сум сама. Мажи, престанете да ме прашувате, одговорот е не. Само ве поздравувам. Беше одлична недела, се надевам дека и за вас беше исто, децата напредуваат, имам два профила и сè уште сум сама. Но, среќна“, рече таа на Инстаграм.

Со поранешниот сопруг Хенк Баскет, Кендра има две деца, син и ќерка. Двајцата беа во брак од 2009 до 2018 година, а пред тоа таа беше една од девојките на Хефнер.
Таа го запозна Хефнер на неговата забава за 78-ми роденден, кога имаше само 18 години и набрзо се пресели во неговата вила каде што помина пет години.
Сепак, таа ја напушти вилата кога ѝ здодеа и сфати дека сака да основа семејство. Набрзо се омажи за Хенк.

Како што истакна во една прилика, врската со Хефнер многу ја погоди, а по разводот се воздржа од сексуални односи бидејќи се чувствуваше засрамена.
„Помина толку долго откако последен пат имав секс. Бидејќи се срамев, сите ме гледаат како секс икона, па се срамев од сè во врска со сексот. Речиси станав целибат“, рече таа претходно.